Крстопоклона неделa
На 15.03.2026 година, во Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела, во Лешочкиот манастир,беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј Ѓорги Сламков, ереј Зоран Ставрески и ѓакон Илија Деспотовски.Пред почетокот на Литургијата,според типикот на православната Црква, беше изнесен светиот Крст, како поткрепа и потсетување на страдањата на нашиот Спасител.Верниот народ се причести со светите тајни.На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г.Јосиф, одржа пригодна беседа.
