ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВ. ЦАР КОНСТАНТИН И ЦАРИЦА ЕЛЕНА“ ВО СКОПЈЕ
На 3.6.2026 година, на празникот посветен на Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Нивните Високипреосвештенства: Митрополитот на Востра и Егзарх на Светиот Гроб Христов за Кипар г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф како и Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, богослужеше Света Златоустова Литургија во храмот посветен на овие светители во центарот на Скопје.
Воедно, денешниот ден, претставува прва прослава на храмовиот празник по неговото Осветување.
