Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Недела 25 по Педесетница

Зоран Богоевски 18.11.2018

На 18.11.2018 година, Недела 25 по Педесетница, св. мч – ци Галактикон и Епистима, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Истиот ден Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф изврши Света Тајна крштение над чедото Божјо Михаела Маркоска од с. Куново - Гостиварско.