Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Недела на Сите Светии

Зоран Богоевски 19.06.2022

Во неделата на 19.06.2022 година, денот кога светата Црква го слави споменот на сите светии, уште наречена Недела на Сите Светии, во соборниот храм Св.Кирил и Методиј-Тетово Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протојереј Алесандар Стојановски,протоереј  Предраг Исаевски и ѓакон Илија Деспотовски служеше света архиерејска Литургија.Верниот народ се причести со светите тајни. После завршувањето на Литургија,митрополитот заедно со останатите свештенослужители го благослови и прекрши , празничниот леб. Кон верниот народ митрополитот се обрати со поучно слово за празникот.