Недела на Света Марија Египетска

29.03.2026 Во петтата Недела од Великиот Пост (Недела на Света Марија Египетска), Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на протоереј Илија Сламков, ереј Зоран Ставрески и ѓакон Живомир Јосифоски отслужи Света Василиева Литургија во храм ,,Св.Кирил и Методиј"-Тетово.
На Божествената литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од литургијата, Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа.