Неделата на Православието
На 01.03.2026 година, во Првата недела од Великиот пост - Неделата на Православието, во Лешочкиот манастир беше отслужена света архиерејска Василиева литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од Тетовското намесништво. На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од литургијата Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа говорејќи за Недела на Православието или Недела на победата над погрешните (еретички) учења во Црквата Христова.
