Неделата на Самарјанката
10.05.2026 во Неделата на Самарјанката, во Соборниот храм ,,св.Кирил и Методиј"-Тетово, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со Светите Тајни. На Литургијата сослужуваше и ереј Стефан Гавровски, секретар на Сремската епархија на СПЦ. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа.
