Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Организирана еднодневна екскурзија во Маврово

Зоран Богоевски 12.08.2019

Со благослов на Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф се организира еднодневна екскурзија во Маврово на децата со посебни потреби од дневниот центар Порака-Неготино.Децата и воспитувачите од страна на свештениците од Гостиварското намесништво беа запознаени со духовните и природни богатства во Мавровскиот регион,беа организирани забавни активности, и на крај беше организирана трпеза на љубовта.