Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Oсвет новопоставениот крст во с. Рате-Тетовско

Зоран Богоевски 08.11.2026

08.11.2026 На празникот Митровден,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф го освети новопоставениот крст во с.Рате-Тетовско.Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓудругото истака:Почитуван градоначалник на општина Јегуновце,почитувана пратеничке во Собранието на Р.Македонија,Возљубени браќа и сестри во Христа, почитувани жители на село Ратае.
Денес, на овој светол и благословен ден, кога го празнуваме светиот великомаченик Димитриј, собрани сме со вера, љубов и благодарност кон Бога, за да го осветиме овој Крст.
Крстот е најголемиот спасоносен симбол на нашата христијанска вера. Тој е знак на Христовата жртва, на љубовта, надежта и спасението. Пред Крстот се поклонуваме со смирение, а преку него бараме Божји благослов, мир и заштита за нашите домови и семејства.
Овој Крст, подигнат на влезот во вашето село Ратае, нека биде траен симбол на заедништвото, верата и духовното единство на сите жители. Нека ги потсетува идните поколенија на нашите корени, на нашата православна традиција и на христијанските вредности што треба да ги чуваме и пренесуваме.
Како што светиот Димитриј со непоколеблива вера го сведочел Христа, така и ние да останеме цврсти во верата, сплотени во љубовта и истрајни во добрите дела.
Нека овој Крст биде благослов за Ратае, за секој дом, за секое семејство, за младите и старите, за оние што се тука, но и за нашите сограѓани кои се далеку од родното огниште.
Да ни даде Господ здравје, мир, слога и благосостојба. Светиот великомаченик Димитриј нека биде наш молитвен застапник пред Бога.
Нека е за многу години осветувањето на Крстот!
За многу години празникот Митровден!
Амин!