Патрон празник на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“
25.02.2026 Денес во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.мпбр го одбележаа 25-ти февруари, патрониот празник на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“.Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово, одржа командантот на 3.мпб, потполковник Миле Станоевски.На свеченоста присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.
