Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Педесетница - Духовден

Зоран Богоевски 31.05.2026

31.05.2026 На Педесетница-Духовден, Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, во сослужение на надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица"-Гостивар. По Литургијата се отслужи и Вечерна богослужба на која беа прочитани молитви за призив на Светиот Дух. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Никола одржа пригодна беседа.