Pедовното годишно собрание на Епархискиот Управен Одбор
На 26.01.2026 г., во Гостиварското архиерејско намесништво при Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, се одржа редовното годишно собрание на Епархискиот Управен Одбор во полн состав.
Собранието го предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а присуствуваа членовите на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) од Архиерејските намесништва при ТГЕ.
На Епархиското собрание се разговараше за црковно – духовниот живот во Епархијата, а потоа беше разгледана и одобрена завршната сметка на ЕУО за 2025 год., а исто така беше разгледан и одобрен предлог буџетот на ЕУО за 2026 год., а на крајот следуваа прашања, предлози, Одлуки и заклучоци.
