Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Петок од првата седмица од Великиот Пост

Зоран Богоевски 22.03.2024

22.03.2024 Во Петок од првата седмица од Великиот Пост, во соборниот храм Св.Кирил и Методиј во Тетово беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештенство од тетовското архиерејско намесништво.