27.10.2026 на празникот Преподобна Параскева( Петка), во храмот св. Петка во Гостивар Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни. По литургијата беа благословени и прережани кумските лебови. По литургијата своја беседа одржа Митрополитот г. Јосиф, говорејќи за животот на св. Петка и за нејзините чудотворни свети мошти кои денес се наоѓаат во градот Јаши-Романија и творат многу исцеленија.
Преподобна Параскева( Петка)
Зоран Богоевски
27.10.2026
1 / 8