ПРОЧКА, во Неделата од сирната седмица
На 22.02.2026 година, ПРОЧКА, во Неделата од сирната седмица, во вечерните часови, во Соборниот храм ,,св. Кирил и Методиј”-Тетово, беше отслужена Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Предраг Исаевски, протоереј Ѓорѓи Сламков, протоереј Дарко Наумовски, протоереј Александар Стојаноски, протоереј Илија Сламков и ереј Зоран Ставревски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беа прочитани молитвите пред почетокот на Великиот пост. На крајот Митрополитот г. Јосиф како и сите присутни верници побараа прошка еден од друг, за добар и благословен почеток на Великиот пост.
