10 години од Пронаоѓањето на моштите на св. Јаков Тумански
20.10.2024 По повод 10 години од Пронаоѓањето на моштите на св. Јаков Тумански, во манастирот Тумане се отслужи Света Литургија на која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Пожаревачко-браничевски г. Игнатиј, на кој му сослужуваа и архиерејите од Македонската Православна црква-Охридска Архиепископија: Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозелански г. Петар и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со архиереите од Српската Православна Црква: Архиепископот и Митрополит Врањски г. Пахомиј, Архиепископот Крагуевачки и Митрополит Шумадијски г. Јован, Архиепископот Ромулијанско-зајечарски и Митрополит Тимочки г. Иларион и Преосветениот Епископ Топлички г. Петар.
Моштите на св. Јаков Тумански со литија беа пренесени низ верниот народот Божји за секој да го добие неговиот свет благослов.
По Литургијата за многубројните гости, кои беа дојдени на прославата, а воедно и да се поклонат пред св. Јаков Тумански, беше приредена манастирска трпеза на љубовта.