19 деветнаесета седмица по Педесетница
На 19 деветнаесета седмица по Педесетница, Св. Апостол Лука,во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово света литургија богослужеше протоереј Алекдандар Стојановски.На светата литургија присуствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф кој кон верниот народ се обрати со своја беседа за денешното прочитано свето евангелие Лука 6:31-36 говерејки за Лубовта кон непријателите.Од нас луѓето зависи дали времињата ќе бидат добри или лоши. Секогаш, кога луѓето долго време не се сеќаваат на Божјиот закон, кога ги газат правдата и братољубието; кога ќе почнат да ги следат своите ниски страсти и да работат само за своите груби материјални интереси – времињата ќе бидат зли и животот тежок. Затоа, ако сакаме добри времиња и радосни денови, треба да ги исполнуваме Христовите заповеди, кои денес ни ги спомнува Евангелието.