31 меѓународен хорски фестивал на православна духовна музика ТЕХО 2022

На 11 и 12.06.2022 Во Лешочкиот манастир се одржува 31 меѓународен хорски фестивал на православна духовна музика ТЕХО 2022.Оваа година свое учество на фестивалот имаа:Лесковачка црковна дружина-Лесковац,Р Србија;Мешан хор БујАрт-Тирана,Р.Албанија;Академски мешан хор-Софија,Р.Бугарија;Градски мешан хор"Гортинија"-Гевгелија;Мешан камерен хор"Рождество на Пресвета Богородица-Скопје;Женски младински хор"МКЦ"-Скопје-Р. Македонија.Свое поздравно слово до присутните имаа Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и претседателот на хорскиот фестивал проф.д-р Ивица Зорич.Митрополитот г.Јосиф во своето поздравно слово истакна:Ми преставува голема чест и задоволство за можноста поздравно да Ви се обратам на ова Свечено отворање на Меѓународниот хорски фестивал на православна духовна музика и воедно да Ви посакам топло добредојде овде во прекрасниот Лешочки манастир, каде што традиционално се оддржува оваа духовна и културна манифестација.
И токму во едно вакво време на секојдневно обеспокојување на човековиот дух, во овој прекрасен манастирски амбиент каде во секој миг се чувствува Божјиот мир се оддржува овој хорски фестивал на православна музика, која пак предизвикува големо спокојство во душата на човекот, бидејќи духовната песна не е ништо друго освен молитва, а нејзиното пеење е пред сѐ молење упатено кон Бога, Устроителот и Промислителот на сѐ. Поради тоа верувам и сум сигурен дека овогодинешната богата програма на фестивалот исполнета со богат духовен композициски репертоар, кој ќе биде интерпретиран од ангелогласните хорови од земјава и од странство ќе успее сите нас да не отргне од метежното секојдневие и да ни внесе еден духовен мир во нашите срца, бидејќи црковната песна ја храни духовната потреба на човекот.Во оваа прилика од име на Тетовско-гостиварската православна епархија за целокупното ангажирање во поле на црковното пеење му се заблагодаруваме на проф. д-р Ивица Зориќ, како и на сите хорови, кои во престојните неколку часа ќе настапуваат пред нас. На сите нив им посакувам успешен фестивал, а Вам почитувани гости и љубители на духовната музика, Ви посакувам духовно насладување и доживување на духовниот мир во наредните часови.