Во посета на центарот за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино

На 21.01.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот повардарски г. Агатангел и Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф, го посетија Центарот за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино. 
Тие беа видно задоволни од посветеноста, грижата и постигнатоста за корисниците на услугите на ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино од страна на Директорката г-ѓата Гордана Трајковска и останатите вработени. Неговото високопреосвештенство, Митрополитот повардарски г. Агатангел обезбеди гориво за затоплување на Дневниот Центар во Неготино со што придонесе насмевка и радост кај лицата со попреченост и тие повторно ќе можат да ги одржуваат работилниците во топли простории. 
Сопственикот на ресторанот „ Софра Вељанов“ , традиционално не покани и обезбеди ручек за педесетина корисници.

Превземено од:http://www.porakanegotino.org.mk/