75 годишниот јубилеј од одржувањето на историскито Прво свештеничко собрание
На 22. 10. 2018 година во храмот свети Димитриј во с. Издеглавје по повод на 75 годишниот јубилеј од одржувањето на историскито Прво свештеничко собрание беше отслужен помен за свештениците - учесници на Свештеничкиот собор. На свеченото одбележување присуствуваа повеќе членови на Светиот архијерејски синод, многубројно свештенство и верен народ. Исто така на одбележувањето на овој голем настан присуствуваа и Директорот на Комисијата за верски односи г. Даријан Сотировски, како и градоначалникот на општина Дебарца г. Зоран Ногачески. Пред присутните се обрати Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, кој ги истакна придобивките од одлуките донесени на Првото свештеничко собрание.
Нека Севишниот Бог ги услиши нашите молитви и ги насели душите на упокоените свештеници таму каде што почиваат праведниците. Вечен да им е споменот!