Bандализам и нечовечност

Најостра осуда за зачестениот вандализам и нечовечност
Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ ја известува јавноста дека утрово пријави во полиција упад на манастирскиот имот Св Атанасиј на тетовското Кале при што е оштетена црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета. Ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.

Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност.