Соопштение
МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на црковното знаме на манастирскиот имот на Попова Шапка. Чинот е пријавен во СВР Тетово преку парохискиот свештеник. Епархијата очекува сторителите најитно да бидат соочени со Законот. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи.