Благовештение

На 07.04.2024 г.,на празникот Благовештение -Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Светата Василиева Литургија во храмот „Пресвета Богородица“-Скопје во сослужение на Митрополитот Брегалнички г.Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Своја беседа по повод  празникот Благовештение изрече Неговото Блаженство Архиепископот на МПЦ-ОА г.г.Стефан.