Bо диптихот на светиите се впишаа светите Спаса и Спасе Вишенски

09.06.2024 Во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше  Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение на Митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Европски г. Пимен, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Старозагорски г. Кипријан - БПЦ, епископот Нишки г. Арсениј - СПЦ, епископите Хераклејски г. Климент, Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Делчевско-каменички г. Марко, Дремвитски г. Давид, Антаниски г. Партениј, Стобиски г. Јаков, Велички г. Никола како и многубројни свештенослужители од сите епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. На предлог на Комисијата за канонизација на нови светители при САС, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, одлучи во диптихот на светиите да ги впише светите Спаса и Спасе Вишенски. На оваа литургија беше обзнанена одлуката на САС-МПЦ за нивното прославување. Повеќе на сајтот на Дебарско-кичевската епархија.