Богојавление - Водици
Богојавление - Водици Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово.Верниот многуброен народ се причести со светите тајни.По литургијата во дворот на храмот во Тетово беше извршен голем Богојавленски водосвет .Митрополитот се обрати кон верниот народ со своја беседа кој меѓу другото нагласи:Браќа и сестри од преголема љубов кон човечкиот род и со желба да го спаси од гревот и смртта, Сèмилостивиот Бог, на Предвечниот совет на Светата Троица, благоволил Второто Лице од Светата Троица да се воплоти и роди од света Дева Марија. Така, Синот Божји, Господ Исус Христос, се овоплотува во утробата на света Дева Марија и постанува човек во сè сличен на нас, освен во гревот.И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм овде во Тетово,на овој голем празник Богојавление, со покајни солзи да ги измиеме нашите престапи, грешки и гревови, и така очистени од секакви духовни нечистотии, да измолиме милост Божја. Милоста Божја да слезе врз нас. Да ни го осветли патот и да ни го просвети умот за да може да одиме по Христа. И така, живеејќи во Христа да спечалиме живот вечен и царство небесно. Амин!