Четириесет Севастиски маченици (Младенци)
22.03.2025 година, кога го празнуваме споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), во Соборниот храм св. Кирил и Методиј-Тетово, митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше на светата заупокоена литургија во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен и надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На Божествената Литургија беседа произнесе Митрополитот г. Агатангел. По литургијата се отслужи трисагија за починатите во Кочани и се принесоа и молитви за оздравување на сите кои се по болниците.