Четиринаесетата недела по Педесетница
На 18.09.2022 г.во Четиринаесетата недела по Педесетница, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф изврши Големо осветување на новоизградениот манастирски храм посветен на Св.вмч. Екатерина во с. Стенче-Тетовско. По осветувањето Митрополитот г. Јосиф во сослужение на свештенството на Тетовското намесништво богослужеше света литургија.Во својата проповед митрополитот г .Јосиф нагласи:Овој храм почитувани, веќе со чинот на денешното осветување е дом Господов, дом за молитва и како таков преставува „парче небо на земјата“ во кое сите ние „оскребени и обременети“ од животните грижи со влегувањето во него и со молитва кон светaта Екатерина патронот на овој храм, повторно и секогаш ќе ја враќаме утехата, верата, надежта и љубовта во нашите срца.Денешниот ден е вистински празник за секој еден човек во ова место. Радоста кога човек ќе го погледне овој веќе осветен храм е навистина голема, а голема е затоа што Бог го благослови ова дело по вашиот труд и молитви.Денес овој храм, кој беше целосно завршен и подготвен за осветување – со чинот на осветувањето и со полагањето на свети мошти доби душа и постана црква, во која и во иднина посакувам во толкав голем број како денес, масовно и активно да учествувате на светите богослуженија и на тој начин да допринесете овој храм да се развива и да биде едно молитвено катче, каде сите ние заедно како црковна заедница ќе го слушаме Божјото слово, каде ќе се молиме на Бога и каде како круна на нашиот подвиг и духовен живот, причестувајќи се со Светите тајни, ние ќе го предвкусуваме Царството Божјо.Нека ни е честито осветувањето и нека овој храм биде вечен кораб на нашата сигурна пловидна кон Божјото царство! Амин! На многу години!