Cвештена литија со иконата Пресвета Богородица Брзопослушница

11.05.2024 Во храмот посветен на “Свети Димитриј и Свети Григориј Палама" во Струмица, Света Божествена Литургија богослужеше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на епископот Делчевско-каменички г. Марко и епископот Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Тајни. По литургијата како и секоја година имаше свештена литија со иконата Пресвета Богородица Брзопослушница и молебен на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Верниот многуброен народ се поклони пред иконата на Богородица просејќи ги нејзините молитви и застапништво. На плоштадот се одржа молитвословие (доксологија) проследено со кратко поздравно слово, по што литијата продолжи по старата чаршија до манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде што беше подготвена трпеза на љубовта за сите присутни. Христос Воскресе!