Дванаесеттата недела по Педесетница
15.09.2024 Дванаесеттата недела по Педесетница, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со нивните Високи преосвештенства: Надлежниот митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, богослужеше света литургија во Берлин - СР. Германија. По литургијата во присуство на многуброен верен Македонски народ се изврши освет на камен темелник на новата Црква во Берлин која ќе биде посветена на патронот на МПЦ-ОА св. Климент Охридски. На литургијата покрај свештеници од Македонската православна црква, сослужуваа и свештеници од Руската, Српската и Романската православна црква. Повеќе на страната на Европска епархија.