Фестивал на духовна музика ТЕХО

20.09.2020 

Во Лешочкиот манастир се одржа меѓународниот хорски фестивал на духовна музика „ТЕХО“, на кој активно учество зедоа следниве хорови:  Детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ од Велес, мешан хор „Сипарантим“ - Пеќ, Србија, женски хор „Христина Морфова“ - Софија, Бугарија , професионален хор „Про Ас“ - Скопје, градски мешан хор „Вокс Лихнидос“  - Охрид, мешан камерен хор „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје, „Розефа Експресион“ - Албанија и градски женски младински хор „Медата“ - Тетово, како домаќин, под раководство на Ивица Зориќ. Со пригодно слово, присутните гости, ги поздрави надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф. Истиот може да го прочитате на следниов линк.