Големо сочувство заради загубата на човечките животи
По повод трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово, кој се случи во вечерните часови на 8 септември, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф изразува големо сочувство заради загубата на човечките животи, кои настрадаа во пожарот, а на нивните семејства, роднини и пријатели им изразува сочувство, ветувајќи им ги своите молитви. На повредените им посакува поскоро закрепнување.
По овој трагичен настан митрополитот г.Јосиф ги повика верниците да се молат за починатите, повредените и сите оние кои се погодени од овој трагичен настан.