Hајмалите христијани од Лешок го најавија Христовото раѓање

29.12.2022 Со пеење на Божиќни песни, најмалите христијани од Лешок го најавија Христовото раѓање кое ни претстои. Радува фактот што пееја многу дечиња и што има кој да ја продолжи традицијата за во иднина. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф пак, ги израдува со пакетчиња и Библија за млади со илустрации на библиски мотиви во чест на престојниот празник Раѓање Христово-Божиќ.