Христос се роди - Божик

07.01.2024 Христос се роди - Божик. Во Соборниот храм Успение на Пресвета Богородица - Гостивар, света Василиева литургија богослужеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите тајни. На литургијата беше прочитано и Божиќното послание од Архиепископот на МПЦ-ОА г. г. Стефан. По литургијата беше благословена и традиционалната братско-сестринска трпеза на љубовта. За најмладите кои беа присутни беа поделени новогодишни подароци. Од името на нашиот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и од името на целото свештенство ви го честитаме Раѓањето Христово со торжествениот поздрав Христос се роди!