Христовото Раѓање
На 07.01.2023 г., кога го празнуваме светлиот празник на Христовото Раѓање, Митрополитот Tетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протоереите Маријанчо Мадевски,Трпе Богоевски и ѓакон Славчо Ѓоргевски отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Божикното послание, испратено до сите верни чеда на МПЦ-ОА, од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.