Kонцерт во организација на КУД Кирил Пејчиновиќ-Теарце

25.12.2021 Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф присуствуваше на концерт во организација на КУД Кирил Пејчиновиќ-Теарце. Ова културно уметничко друштво кое го носи името на нашиот преродбеник, духовник, просветител, е гордост за Полошкиот регион бидеќи со своите настапи покажуваат и докажуваат како се негува културата,фолклорот и традицијата во Пологот а со тоа и на цела наша Татковина.