Крстовден во Лешочкиот манастир
На ден 27.09.2020 година на празникот Крстовден во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија. На светата Литургија Митрополитот г.Јосиф благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон завршениот ученик-богослов Илија Сламков. Претходно согласно типикот на крајот од утрената од олтарот беше изнесен светиот Крст и беше воздигнат и на верниците им се даде можност да се поклонат на светиот Крст во храмот. На крстот Твој се поклонуваме Владико и светото воскресение Твое го славиме. Амин!