Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

08.12.2022 На денот кога Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско – гостиварски г. Јосиф Кумановско-осоговски г.Григориј,митрополит Јосиф,епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.