Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица

На 11.03.2022 година, во вечерните часови, во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештенството од епархијата.Во својата беседа митрополитот истакна:Денеска во овој  прв петок од Великиот пост сме собрани овде во Соборниот храм во Тетово, за да ја отслужиме првата статија од Акатистот на Мајката Божја која прославувајќи ја, ја привлекуваме кон себе милоста Божја. Денес Црквата Христова, со должна благодарност и благоговение, молитвено стои и се поклонува на Богородица.Во Нејзиниот благороден лик го гледаме ликот на вистинската жена – ликот на бескрајното спасение, ликот на убавината, ликот на силата и смирението, ликот на чистотата и љубовта и победата на таа љубов. Секогаш кога нашите мајки со вера гледале во тој лик, станувале усрдни носители на верноста кон Бога и силни чувари на моралот.Пресвета Богородице спаси не.