МПЦ-ОА изрази последна почит кон Папата Емеритус Бенедикт XVI
Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во придружба на ѓаконот aсс. д-р Стефан Гоговски од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, ја посети Светата столица, Ватикан и од името на МПЦ-ОА изрази последна почит кон Папата Емеритус Бенедикт XVI, чие погребение со највисоки почести се изврши на 5-ти јануари.
Папата Емеритус Бенедикт XVI беше голем теолог, чиј понтификат ќе го обележи и искрената посветеност кон сехристијанското разбирање.