На тригодишнината од осветувањето на храмот “Св. Лидија Македонска” отслужена Света Архиерејска Литургија
На 09 Октомври 2024 година, упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов, преп. Нил Калабриски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. На Светата Литургија присуствуваше и Директорката на КОВЗ г-ѓа Оливера Трајковска. Содржајна беседа одржа Митрополитот г. Јосиф, а потоа Митрополитот г. Иларион му се заблагодари на Митрополитот г. Јосиф за сослужувањето и за братската љубов, а ја поздрави и новоизбраната Директорка на КОВЗ г-ѓа Оливера Трајковска и и честиташе за изборот. По Божествената Литургија, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.
prevzemeno od bregalnickaeparhija.org.mk