Недела 10-та по Педесетница

На 05.08.2018 година, Недела 10-та по Педесетница, св. мч-ци Трофим, Теофил, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. вмч. Теодор Тирон во с. Јанчиште - Тетовско, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. Пред литургијата се изврши мало осветување и промена на страчица на престолот. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата црковниот одбор приреди братско сестринска трпеза на љубовта за сите присутни.

На литургијата беседесе Митрополитот г. Јосиф, беседата може да ја прочитате тука....