Недела на Блудниот син

20.02.2022 Недела на Блудниот син, во храмот прес. Богородица - Гостивар, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија. Верниот народ се причести со светите тајни. На литургијата по прочитаното евангелие своја проповед искажа митрополитот г.Јосиф кој меѓу другото истакна: Од многуте параболи, кои ги изговорил Господ Исус Христос, најубава, најсодржајна и најпоучителна е параболата за Блудниот син. Од многу свети отци, оправдано таа е наречена „бисер меѓу параболите“ и „Евангелие во Евангелието“. Оваа парабола е за покајанието, за тоа како милосрдниот Господ  го чека човек, го чека неговото покајание, чека да се освести. Се работи за секој од нас и за секој човек што живее на земјата.Дали ние ќе ги вкусиме вечните радости во Царството Небесно заедно со Господа или не, зависи само од нас, од нашето покајание, од нашето обраќање кон Бога. Тоа обраќање, исто така, потребно е да трае постојано, покајанието треба да стане основа и столб на нашиот живот, зашто ние постојано грешиме.