Недела на Сите Светии
Во неделата на 19.06.2022 година, денот кога светата Црква го слави споменот на сите светии, уште наречена Недела на Сите Светии, во соборниот храм Св.Кирил и Методиј-Тетово Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протојереј Алесандар Стојановски,протоереј Предраг Исаевски и ѓакон Илија Деспотовски служеше света архиерејска Литургија.Верниот народ се причести со светите тајни. После завршувањето на Литургија,митрополитот заедно со останатите свештенослужители го благослови и прекрши , празничниот леб. Кон верниот народ митрополитот се обрати со поучно слово за празникот.