НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ

29.05.2022 -НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ. Во соборниот храм пресвета Богородица-Гостивар,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија. Верниот народ се причести со светите тајни. Во својата беседа митрополитот г. Јосиф меѓудругото нагласи: Преку овој настан Господ Христос нè поучува за големината и за силата на верата во Бога. Овој човек, иако бил слеп, имал силна и непоколеблива вера во Господа Христа. Но и надеж во силата и моќта и во Неговата добрина.Зашто Господ не гледа на лице кој е кој, туку гледа во човеч­ки­те срца какви се и дали го бараат Царството небесно. Токму затоа да се трудиме да го стекнеме духовниот вид, да се излечиме од духовната слепотија.И запомнете едно нешто:Не се истрчувајте пред Бога, дозволете Му да управува со вашите чекори.                          Тој има Свои планови, има Свое време.Божјите часови никогаш не брзаат и никогаш не доцнат ‒ тие секогаш доаѓаат навреме.Амин.