Недела на светите отци
Недела на светите отци ,Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, богослужеше света литурија во Лешочкиот манастир. На литургијата беседеше митрополитот г. Јосиф кој меѓу другото нагласи: Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајнието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг итн, а пред се молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета па дури и суета и прелест. Постот е добродетел на Црквата па според тоа има и соборни димензии. Односно ние постиме и се подвизуваме не само за себе туку и за сите други. Постот и молитвата се голем дар Божји без кои нема обожение и спасение.По светата литургија митрополитот г.Јосиф изврши света тајна крштение на чедото божјо Тео.