Обрезанието на Господ Исус Христос, Св. Василиј Велики
На 14.01.2019 година, кога црквата го слави, Обрезанието на Господ Исус Христос, Св. Василиј Велики, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, богослужеа Света Василиева литургија во храмот „Св. Никола“ – Тетово, во солужение на свештеници од Тетовско-гостиварската и Кумановско осоговската епархија архимандрит Григориј, протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Дарко Наумовски, протопрезвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата се прочитаа молитвите за благословување и успешна година, и беше благословена според традицијата василопитата- лебчето со паричка.