Обрезанието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос
На 14. 01.2022 Во храмот св.Петка-Гостивар, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света Василиева литургија. На литургијата верниот народ се причести со светите тајни. На крајот беа благословени и прережани кумските лебови. Со свое слово кон верниот народ се обрати митрополитот г. Јосиф кој меѓу другото нагласи: Еве браќа и сестри денес во овој храм св.Петка во Гостивар прославивме два големи празници: Обрезанието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, и светиот Василиј Велики. На овој ден го празнуваме и почетокот на Новата година, во која Му заблагодаривме на Бога за исполнувањето на Неговата волја во изминатата година, но и измоливме од Господа, Он повторно да е со нас во Новата 2022 год.За многумина, минатата година беше година на радости, а за мнозина година на жалости, лишување од убавини и неисполнување на очекуваното поради пандемијата која сеуште е присутна.Но, без да се задржуваме на сето тоа, ние денеска сме обврзани да Му искажеме благодарност на нашиот Небесен Отец за изминатата година.Господ Бог нека ни ја благослови новата 2022 година, нека ја исполни со добри и благородни дела, а за Негова прослава и за наше спасение. Амин.