Одбележан споменот на Св.Никола

9.12.2021 Во храмот Св.Никола - Тетово, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија. Верниот народ се причести со светите тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. Во својата беседа кон верниот народ митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна: Иако се поминати XVII векови, неговото име се прославува и величи кај сите христијански народи. Нема светител кај нашиот народ, кој може да се спореди со прославување и величање со св. Никола. Половина од нашето население го чествува како домашен заштитник, покровител и патрон. Затоа, тој постанува правило на верата и образ на кротоста, како што пееме во неговиот тропар. И ние денеска, прославувајќи го неговиот свет спомен, да се потсетиме на нашиот учител св. Никола, па неговата вера и неговата кротост да бидат пример за нас. И истите не да ги следиме само со збор, туку и во животот. Па така, св. Никола да ни биде покровител и заштитник, та да можеме сите животни бури и искушенија да ги пребродуваме и да Му угодиме на Бога, а преку тоа да здобиеме вечен и блажен живот. Амин!