Oдржа молебен на гробот на Св. Кирил
24.05.2022 На празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св. Кирил.
Молебенот го отслужи Митрополитот Европски г.Пимен, во сослужение на Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф.
На молебенот присуствуваше и висока македонска државна делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија г. Димитар Ковачевски.
Овој празник традиционално се одбележува со манифестацијата ,,Македонија во чест на Св. Кирил" на државно-црковна делегација од Македонија од 1958 година.
Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, државно-црковната делегација присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и на повеќе културни настани и приеми.