Освет ново изградениот параклис посветен на св.Сисој Велики

На 01.08.2021 Во шестата седмица по педесетница Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф го освети ново изградениот параклис посветен на св.Сисој Велики во Тетово. На сите ктитори и дарители беа доделени благодарници.По осветувањето, според црковниот устав, беше отслужена света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот г.Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа на која говореше дека  светите цркви и манастири се места, каде што Бог обилно ја излива Својата благодат на секоја христијанска душа, којашто со вера, покорност и молитва бара помош од Севишниот. Затоа црквите, од страна на светите отци, се нарекуваат духовни бањи и лечилишта.